За нас

Друштвото ЕКОНЕТ, д.о.о., е формирано средината на 1999 година со седиште во Скопје како прв и единствен авторизиран дистрибутер на производите на светски познатиот бренд CISCO за Македонија, Албанија и Косово. CISCO е лидер во производство на опрема за мрежно поврзување на компјутери, безбедносни уреди како и ИП телефонија и како таков е достапен и за компаниите на нашиве простори.

Користејќи го дистрибутерското искуство од областа на софистицирана ИТ опрема, друштвото реши да својата палета на дистрибуирани производи ја збогати и со уште еден светски бренд, а тоа е Microsoft. Истиот е светски лидер во производство на оперативни системи, серверски платформи, безбедносни софтверски решенија како и развојни апликативни алатки. Продажбата на овие производи започнува од декември 2006 кога и официјално ЕКОНЕТ станува авторизиран дистрибутер.

Во септември 2008, Еконет станува и овластен дистрибутер на LinkSys by Cisco гранка на Cisco компанијата со производи наменети за мали и средни бизниси.

Соработката со сродните ИТ компании од републикава е на завидно ниво. Тоа е поткрепено со фактот на заедничка соработка на одредени проекти како и скоро секојдневно консултирање од областа на компјутерско-мрежната проблематика.

Со цел одржување на стручното ниво на своите вработени, како и зацврстување на брендот и професионалноста на друштвото, ЕКОНЕТ вложува во едуцирање на своите вработени. Тие располагаат со основните стручни сертификати од споменатите производители (
CISCO, Microsoft
). Исто така тие се редовни посетители на конференциите од областа на компјутерските мрежи како на тлото на поранешна Југославија така и пошироко во Европа.

Не е мал и фондот на наслови со кои располага сопствената библиотека на друштвото. Имајќи предвид со колкава брзина се развива ИТ индустријата нашата библиотека располага со најновите изданија на
Cisco Press, Syngress и Sybex (водечки компании за книгоиздателство од оваа свера). 

Пратењето на светските трендови во ИТ областа, навремена испорака на производите, како и консултирање и помагање на компаните при дизајнирање и имплементација на техничките решенија ќе бидат наши примарни активности и во иднина.

 

Визија на Еконет

Обезбедувајќи ги светски познати брендови, квалитетни производи и услуги кои ќе им овозможат на клиентите подобро разбирање на технологијата, леснотија при извршување на операциите, и квалитет на работа со воспоставување на врвен ИТ амбиент: вешто дизајниран, инфраструктуриран и што е најважно задоволувајќи ги лојалните корисници и крајни купувачи.

Мисија на Еконет

Мисијата на Еконет е да им овозможи на своите клиенти поголема ефективност во извршувањето на секојдневните работни задачи, преку, најдобра за нив комбинација на производи, партнерства, сервис и поддршка.