Совети
10 совети како да ја подобрите вашата безжична мрежа


Ако некогаш Вашиот Windows оперативен систем Ви јави дека имате слаб Wi-Fi сигнал, тогаш најверојатно Вашата конекција не е толку брза и сигурна како што би можела да биде. Уште полошо, може да ја изгубите Вашата конекција целосно во некои делови од Вашиот дом. Ако сакате да го зголемите сигналот на Вашата безжична мрежа, пробајте некои од следните совети за проширување на рангот на Вашата безжична мрежа и подобрување на нејзината брзина и перформанси.




1. Позицирајте го Вашиот безжичен рутер или Access Point на централна локација

Ако е возможно, тогаш позиционирајте го Вашиот безжичен рутер или Access Point на централна локација во Вашиот дом. Ако безжичниот уред го поставите покрај надворешен ѕид, тогаш сигналот ќе биде слаб на другиот крај од Вашиот дом. Ако уредот Ви е поставен на првиот спрат, а Вашиот PC или лаптоп се наоѓа на вториот спрат, тогаш поставете го уредот високо на некоја полица блиску до таванот. Не грижете се доколку не можете да го поместите Вашиот безжичен уред, затоа што има многу други начини кои ќе Ви помогнат да ја подобрите конекцијата.



--------------------------------------------------------------------------------

2. Тргнете го безжичниот уред од подот и подалеку од ѕидови и метални предмети (како што се метални кабинети за документи)

Металните предмети, ѕидовите и подот создаваат интерференција на безжичниот сигнал. Колку е поблизу рутерот до овие предмети, толку е поголема интерференцијата на сигналот и послаба е конекцијата.


--------------------------------------------------------------------------------

3. Заменете ја антената на рутерот

Антените кои доаѓаат со рутерот се дизајнирани да емитуваат сигнал во сите насоки околу рутерот. Ако Вашиот рутер е близу до надворешен ѕид, тогаш половина од сигналот ќе биде емитуван надвор од Вашиот дом, и доста енергија би била залудно потрошена. Повеќето рутери не овозможуваат зголемување на енергијата, но можете подобро да ја искористите енергијата. Ако антената на рутерот може да се менува, тогаш можете да ја замените со посилна антена која го фокусира безжичниот сигнал во една насока. Исто така можете и да ја насочите антената точно онаму каде што Ви е потребен сигналот најмногу. 


--------------------------------------------------------------------------------

4. Заменете го безжичниот адаптер на Вашиот лаптоп

Лаптопите со вградена безжична картичка обично имаат одлични антени и нема потреба од надградување на мрежниот адаптер. Овој совет е за лаптопи кои немаат вградена безжична способност.

Безжичните сигнали се праќаат во двете насоки, од и кон Вашиот компјутер. Понекогаш рутерот е доволно силен и испраќа силни безжични сигнали кон Вашиот компјутер, но можеби Вашиот компјутер не враќа сигнали назад доволно силно. За да се подобри ова, заменете го Вашиот безжичен адаптер во вид на картичка со УСБ безжичен адаптер кој има надворешна антена. Ова може значително да го подобри сигналот кој се емитува од Вашиот компјутер.


--------------------------------------------------------------------------------



6. Сменете го каналот на безжичниот сигнал

Безжичните рутери може да емитуваат на неколку канали, слично како и радио станиците. Исто како што може да слушнете дека на еден канал радиото се слуша со чист звук а на друг канал има пречки, така е и со безжичниот сигнал. Пробајте да го смените каналот на емитување на Вашиот рутер преку конфигурацискиот интерфејс. Нема потреба да ја менувате конфигурацијата на Вашиот компјутер, бидејќи тој може автоматски да го детектира новиот канал.

За да ја најдете адресата на конфигурацискиот веб интерфејс на рутерот, прочитајте ја документацијата која доаѓа со рутерот или на сајтот http://www.cisco.com/


--------------------------------------------------------------------------------

7. Намалете ја безжичната интерференција

Најзастапената безжична технологија 802.11g (wireless-G), работи на фрекфенција од 2.4 гигахерци (GHz). Многу безжични телефони, микробранови печки, монитори за бебиња, управувачи на врати од гаражи и други безжични апарати ја користат оваа фрекфенција. Ако имате многу од овие апарати дома, тогаш Вашиот компјутер може да не го “слуша” сигналот од рутерот поради шумот од овие апарати.

Ако користите wireless-G технологија, тогаш можете да го засилите безжичниот сигнал доколку избегнувате електронски апарати кои ја користат оваа фрекфенција. Наместо тоа, може да користите апарати кои работат на фрекфенција од 5.8 GHz или 900 megahertz (MHz). Бидејќи 802.11n (wireless-N) функционира на 2.4 GHz и помалку користената фрекфенција од 5.0 GHz, можеби ќе имате помалку интерференција на безжичниот сигнал во вашиот дом, доколку ја користите оваа технологија.


--------------------------------------------------------------------------------

8. Надградете го firmware-от или драјверот на Вашиот мрежен адаптер

Производителите на рутери постојано креираат бесплатни подобрувања на нивните рутери. Понекогаш овие подобрувања ги зголемуваат и перформансите. Слично, и производителите на мрежни адаптери постојано го надградуваат софтверот кој Windows го користи за да комуницира со адаптерот, наречен драјвер. Овие надградби обично ги подобруваат перформансите и сигурноста. За да ги превземете најновите надградби, следете ги инструкциите за Вашиот оперативен систем:

·         Windows 7

·         Windows Vista

·         Windows XP – Идете на Microsoft Update, клик на Custom, и потоа почекајте додека Windows XP ја бара најновата надградба за Вашиот компјутер. Инсталирајте ги оние делови кои се однесуваат на Вашиот безжичен адаптер.

·Visit Microsoft Update, click Custom, and then wait while Windows XP looks for the latest updates for your computer.

·Install any updates relating to your wireless adapter.


--------------------------------------------------------------------------------

9. Користете опрема од ист производител

Иако рутер од еден производител може да функционира со адаптер од друг производител, сепак ќе добиете подобри перформанси доколку користите опрема од ист производител.


--------------------------------------------------------------------------------

10. Надградете ги 802.11a, 802.11b, и 802.11g уредите со 802.11n

Иако wireless-G (802.11g) е највообичаениот тип на безжична мрежа, wireless-N (802.11n) е најмалку двапати побрза технологија и има подобар ранг и стабилност. Wireless-N технологијата е исто така компатибилна со 802.11a, 802.11b, и 802.11g, што значи ќе можете сеуште да ја користите останатата опрема што ја поседувате, иако нема да добиете подобрување во перформансите се додека не ја смените технологијата на Вашиот компјутер или адаптер со Wireless-N.

Како да откриете која технологија е инсталирана на Вашиот компјутер:

Windows 7


1.       Клик на Start, па на Device and Printers.

2.       Десен клик на иконата на Вашиот компјутер и клик на Properties.

3.       Клик на Hardware табот. Пребарајте ја листата додека не ја забележите Вашата безжична картичка или адаптер. Под Name, ќе забележите 802.11n или Wireless-N, 802.11g или Wireless-G, или 802.11b или Wireless-B.


Windows Vista
 

1.       Клик на Start, па клик на Network and Internet, и потоа клик на Network and Sharing Center.

2.       Лево под Tasks, одберете Manage Network Connections.

3.       Двоен клик на Wireless Network Connection, и потоа клик на Details. Под описот, ќе видите 802.11n или Wireless-N, 802.11g или Wireless-G, или 802.11b или Wireless-B.

 
·         Windows XP

И не заборавајте, сигурноста на Вашата безжична мрежа е исто така важна како и нејзината брзина и перформанси. Научете повеќе за различните безбедносни методи.

·         Windows 7

·         Windows Vista

·         Windows XP


--------------------------------------------------------------------------------

 
 

Еконет - најдобар SBC/OEM дистрибутер на Microsoft

Микрософт ја прогласи фирмата Еконет за најдобар Дистрибутер за Microsoft за Централна и Источна Европа за SBC/OEM Operation Excelence за фискална 2007 год.