Инсталација и активација

Чиста инсталација на Windows 7 

1. Подигнете го системот (boot) заедно со Windows 7 инсталационото DVD.

Забелешка: Проверете дали CD/DVD дравјот е селектиран во подесувањата на BIOS-от. Ова обично автоматски е подесено.

2. Кога ќе се појави известување на екранот, притиснете го било кое копче за да се подигне системот на DVDто за инсталација. (Погледнете ја сликата подоле)

Забелешка: Ќе имате само 8 секунди за да го притиснете копчето. Ако го испуштите ќе треба повторно да го рестартирате компјутерот.




3. Подесете ги јазичните преференци и кликнете на копчето Next. (Погледнете ја сликата подоле).




4. Кликнете на копчето Install Now за да се започне инсталацијата. (Погледнете ја сликата подоле)


5. Кликнете на I accept the license terms за да ги прифатите условите и потоа кликнете на Next. (Погледнете ја сликата подоле)


6. Кликнете на Custom (advanced) опцијата. (Погледнете ја сликата подоле)


7. Селектирајте ја партицијата или хард драјвот на кој сакате да се инсталира Windows 7 и потоа кликнете на линкот Drive Options (advanced). (Погледнете ја сликата подоле)


Забелешка: Доколку хард драјвот или партицијата која сте ја селектирале не е заклучена, тогаш може директно да кликнете на копчето Next и директно да одите на чекор 9 бидејќи е бланко.

Предупредување: Може да ја немате опцијата Drive options (advanced) доколку инсталацијата е направена на boot, и не се превзема од моменталниот оперативен систем.


8. Одберете ja хард драјв опцијата или партицијата на која сакате да направите чиста инсталација на Windows 7, потоа кликнете на опцијата за форматирање и потоа на копчето Next. (Погледнете ја сликата подоле)

Забелешка: Доколку вашите хард драјвери се подесени на RAID, тогаш поврзете го вашето USB со RAID деравјерите на него, кликнете на Load Driver, селектирајте го фолдерот на USB клучот кој содржи RAID драјвери и инсталирајте ги. Потоа, вашите RAID драјвери ќе бидат подготвени за да селектираат и инсталираат на Windows 7.

 

Совети

За опции на драјвот (напредно)

  • Доколку имате повеќе од една партиција на хард драјвот и сакате да се ослободите од нив за да направите повторно еден голем драјв, тогаш селектирајте ја партицијата и кликнете на опцијата Delete за секоја партиција посебно. Сега направете го чекорот број 8.
  • За да ја соберете постојната партиција и да креирате нова за да го инсталирате на нејзе Windows 7, одберете ја партицијата која сакате да се собере и кликете на опцијата Extend. Впишете колку MB сакате да соберете (1 GB = 1024 MB). Сега одберете ја новата проширена партиција и направете го чекорот број 8.


9. Сега ќе започне инсталацијата на Windows 7. (Погледнете ја сликата подоле)

Забелешка: За време на процесот на инсталација, екранот може да светка и компјутерот ќе се рестартира неколку пати.


10. По финалното рестартирање, ќе го видите ова подоле на екранот. (Погледнете ја сликата подоле)


11. Впишете го името на корисникот кој сакате да биде администратор и било кое име за компјутерот, а потоа кликнете на копчето Next.

12. Внесете ја лозинката која сакате да ја користи администраторот. Внесете ја уште еднаш и потврдете. Кликнете на копчето Next. (Погледнете ја сликата подоле)

Предупредување: Лозинката е чувствителна на пишување. Hint-от е видлив за сите корисници на компјутерот, така што немојте својата лозинка да ја пишувате како hint.

Забелешка: Доколку не сакате вашиот кориснички акаунт да биде заштитен тогаш можете да ги оставите овие полиња празни и директно да кликнете на копчето Next. Можете да креирате лозинка подоцна преку Control Panel User Accounts откако ќе го инсталирате Windows 7 без потреба да внесувате hint.

 


13. Внесете го Windows 7 product key бројот. (Погледете ја сликата подоле за чекор 14)

14. Деселектирајте ја коцката Automatically activate Windows when I'm online, а потоа кликнете на копчето Next. (Погледнете ја сликата подоле)

Забелешка: Можете да го активирате Windows 7 подоцна откако ќе проверите дека функционира правилно. (Погледнете го чекорот бр. 21 подоле)
Доколку сте одбрале автоматско активирање на Windows 7 онлине, тогаш автоматската активација ќе започне да ја активира вашата копија на Windows 7 три дена откако ќе се логирате за прв пат.


15. Кликнете на препорачани подесувања: Use recommended settings. (Погледнете ја сликата подоле)


16. Одберете ја вашата временска зона и подесете ги време и датa, а потоа кликнете на копчето Next. (Видете ја сликата подоле)


17. Кликнете за да ја подесите вашата мрежна локација. (Погледнете ја сликата подоле)

Забелешка: За највисока безбедност одберете Public location.


18. Windows 7 сега ќе го подготви вашиот десктоп да започне со работа. (Погледнете ја сликата подоле)


19. Инсталирајте ги сите драјвери, а потоа и сите Windows Updates.

 20. Направете refresh на вашиот Windows Experience Index (WEI) score.

21. Одлично, се што е потребно сега е да го активирате Windows 7. (Видете ја сликата подоле)

 

 
Програми за лиценцирање
ОЕМ
FPP
Количинско лиценцирање
Инсталација и активација