Инсталација и активација

Активирање на Microsoft Office 2010

При првото вклучување на Office програмите по нивната инсталација, ќе се појави прозорец во кој треба да се внесе продуктниот клуч (доколку не е внесен при инсталацијата)

Активација преку интернет или телефон.

Кога ќе внесете валиден продуктен клуч, автоматски се стартува Activation Wizard кој ви дава 2 опции за активација на производот:

  • Активирај преку интернет Activation Wizard автоматски го контактира Microsoft серверот за лиценцирање преку интернет врската. Доколку користете валиден продуктен клуч што не е претходно користен вашиот продуктен клуч се активира автоматски.

Кога активирате преку интернет вашиот продуктен ИД (генериран oд продуктниот клуч се испраќа до Microsoft. Одговор (потврденID) се враќа назад кон вашиот компјутер за да го активира производот.

  • Активирај преку телефон Производот може да го активирате преку Микрософт контакт центарот на 3090 890.

Активирањето по телефон може да е малку подолго од активирањето преку интернет. Бидете пред компјутер кога се јавувате во контакт центарот и имајте го вашиот продуктен клуч до вас.

Како да го активирам производот подоцна, не за време на инсталација?

  1. Отворете го Microsoft Office 2010
  2. Кликнете на File картичката.
  3. Потоа одете на Help, и кликнете на Activate Product Key.
  4. Следи ги упатствата на ActivationWizard.
  5. Кога ќе заврши исклучете ја Office програмата и рестартирајте ја.

Како да знам дека производот ми е активиран

  1. Отворете го Microsoft Office 2010
  2. Кликнете на File картицата
  3. Кликнете на Help.
  • Ако не го гледате Activate Product Key копчето, вашиот софтвер е активиран.
 
Програми за лиценцирање
ОЕМ
FPP
Количинско лиценцирање
Инсталација и активација