Совети

Дали вашиот компјутер може да поддржи Windows 7


Можеби вашиот персонален компјутер е подготвен да го поддржи најновиот оперативен систем на Microsoft. Еве како може да го проверите тоа.

Симнете ја алатката за проверка: Windows 7 Upgrade Advisor

По принцип доколку на вашиот компјутер работи Windows Vista, тогаш истиот беспрекорно ќе функционира и со Windows 7. Но, доколку не корисите  Windows Vista, или не сте сигурни дека вашиот систем е подготвен за Windows 7, постои брз начин да се направи едноставна проверка.

Само симнете, инсталирајте Windows 7 Upgrade Advisor Beta. По овој чекор ќе добиете репорт кој ќе содржи информации дали вашиот компјутер може да работи со Windows 7 и дали има било какви проблеми и препреки. Доколку постојат такви препреки кои може да се решат, ќе добиете сугестии за следните чекори. На пример, можеби ќе бидете посоветувани дека ви треба ажуриран driver за вашиот печатач и каде може да го превземете.

Забелешка: Информација за вашиот компјутер ќе биде пратена назад до Microsoft, но, ниту една информација нема да биде искористена за да бидете идентификувани ниту пак да бидете контактирани. За повеќе информации прочитајте тука privacy statement.

Да го симнете Windows 7 Upgrade Advisor посетете ја страната на Microsoft тука

Пред да започнете

Пред да започнете со проверка, задолжително приклучете го секој USB уред или други производи како печатачи, надворешни хард дискови, скенери и сл. кои ги користите со компјутерот.

Важно: Windows 7 Upgrade Advisor Beta претставува pre-release верзија и истата е достапна само како U.S. English издание. Microsoft го смета ова решение за стабилно и висококвалилтетно бета решение, но сепак тоа не е финален т.е. готов производ.

Следни чекори

Кога ќе заврши скенот на Windows 7 Upgrade Advisor, на екранот ќе се прикаже вашата опција за надградба на компјутерот кој го поседувате, или пак ќе ви излезе препорака за набавка на нов персонален компјутер за да се добијат сите функционалности на Windows 7.

Генерално гледано, доколку имате компјутер со Windows Vista и Windows Upgrade Advisor-от ве советува дека можете да направите надградба, преминувањето на Windows 7 ќе биде едноставно и лесно, иако можеби ќе треба вашата Vista прво да ја надградите со последниот service pack. Доколку одлучите да го надградите вашиот компјутер, Windows 7 ќе биде достапен за набавка од 22 Октомври 2009 година.

Од друга стана, доколку користите Windows XP или некој друг оперативен систем, Microsoft препорачува да го пробате новиот Windows 7 на нов компјутер.

...И во секој случај, кога ќе решите да го надградите системот на Windows 7, Microsoft задолжително советува да направите back up на сите постоечки фајлови и подесувања, а потоа да направите чиста инсталација, да ги реинсталирате фајловите, програмите и settings-ите.

 

Еконет - најдобар SBC/OEM дистрибутер на Microsoft

Микрософт ја прогласи фирмата Еконет за најдобар Дистрибутер за Microsoft за Централна и Источна Европа за SBC/OEM Operation Excelence за фискална 2007 год.