Развојни алатки

Visual Studio 2012

Visual Studio 2012 ви овозможува нови ремплејти, алатки за дизајн и тестирање – се што ви е потребно за да изградите уникатна апликација за многу кратко време. Во исто време, Blend for Visual Studio ви дава визуелен сет од алатки за да ги искористите предностите на новиот (и прекрасен) Windows 8 интерфејс.

Но, можеби најдобриот дел од се, е тоа што можете да направите откако ја имате креирано својата апликација. Порано, не беше лесно да се донесат феноменални производи пред корисниците, но сега со употреба на Windows Store, имате широко-достапен канал за дистрибуција за да допрете до милиони корисници. Потенцијалот лесно се забележува.  Така што можете да кодирате, продавате и да штедите време.

Кога станува збор за web development, Visual Studio 2012 исто така покрива нови темплејти подобрени алатки за публикување и поголема поддршка за некои стандарди како  HTML5 и CSS3, како и за ASP.NET. Со ASP.NET сега можете да креирате апликации кои ќе бидат оптимизирани и за мобилни телефони, таблети и уреди со помали екрани. 

Порано, сите програми, апликации, документи се чуваа и одржуваа на сервер. Сега постои и побрз и посигурен начин за зачувување на податоците: виртуелно, на безброј сервери, со огромни капацитети. Visual Studio ви овозможува одлични алатки за да можете своите апликации да ги пресликате на Windows Azure.

Погледнете ја споредбата на едиции на Visual Studio 2012 тука.


 

 
Microsoft
Windows десктопи
Office систем
Сервери
Развојни алатки
Office 2013/365

Добредојдовте во Windows 8


Добредојдовте во Windows 7