Сертификација

Партнерска програма на Мajкрософт

Како технолошки компании кои го користат софтверот на Мajкрософт во креирање и дистрибуција на софтверски и хардверски решенија или други дополнителни сервиси, би сакале да ве известиме за измените и новитетите во партнерската програма на Мajкрософт.

Микрософт партнерската програма нуди три нивоа на членство:

  • Registered Members
  • Microsoft Certified Partners и
  • Microsoft Gold Certified Partners.

Registered Members - овие партнери имаат едноставен пристап до ресурси за успешно работење со Мajкрософт, пристап до најновата Мajкрософт технологија, можност за поедноставно опслужување на корисниците и потенцијал за раст.

Главни придобивки:

  • Пристап до ексклузивни онлајн содржини наменети само за Registered Members
  • Електронски весник за Microsoft Registered Member
  • Една точка за контакт за поддршка на партнерската програма

Што е потребно:

  • Потпис на Microsoft Partner Program договор
  • Комплетирање на онлајн прашалникот за бизнис профилирање

Microsoft Certified Partners – овие партнери поседуваат висок степен на компетенција поврзана со Мajкрософт технологијата и можат да ја покажат својата експертиза во една или повеќе Микрософт Компетенции. Во рамки на ова ниво добивате телефонски базирана поддршка, која ви дава можност за градење на поблиска релација со Мajкрософт.

Главни придобивки:

  • Пристап до ексклузивни онлајн содржини наменети само за Certified Partners
  • Електронски весник за Microsoft Certified Partner
  • Microsoft Certified Partner Welcome Kit и месечни пратки (плакета за партнерски Certified Partner статус, MSDN и TechNet претплата, водичи и сл.)
  • Microsoft Certified Partner Branch Kit
  • Можност за Microsoft Certified Partner дополнителна претплата

Партнерската програма на Микрософт овозможува за Certified Partners различни типови на придобивки за софтверско лиценцирање, во специфицирани количини, кои можете да ги користите за интерни намени и во процесот на развој, тренинг и продажни презентации. За детали, преземете го Водичот за програма.

Што е потребно:

  • Здобивање со 50 Партнерски поени за Certified Partner ниво
  • Прифаќање на условите од Microsoft Partner Program договорот
  • Комплетирање на проширен онлајн прашалник за бизнис профилирање
  • Плаќање на годишен надомест за членство во Microsoft Partner Program
  • Исполнување на еден од предусловите поврзани со сертификација на вработени, Мajкрософт тестирани софтверски решенија или хардверски производи.

Microsoft Gold Certified Partners – овие партнери се на највисоко ниво и имаат пристап до сите потребни алатки и поддршка. Во рамки на ова ниво партнерите имаат можност за најблиска соработка со Мajкрософт и им се гарантира телефонска поддршка од Мajкрософт, заедно со други врвни бенефиции како што се приоритет во рамки на Microsoft Resource Directory листата.

Gold Certified Partners се обврзани да се здобијат со најмалку една Микрософт Компетенција.

Главни придобивки:

  • Пристап до ексклузивни онлајн содржини наменети само за Gold Certified Partners
  • Електронски весник за Microsoft Gold Certified Partner
  • Microsoft Gold Certified Partner Welcome Kit и месечни пратки (плакета за партнерски (плакета за партнерски Gold Certified Partner статус, MSDN и TechNet претплата, водичи и сл.)
  • Microsoft Certified Partner Branch Kit
  • Можност за Microsoft Gold Certified Partner дополнителна претплата

Партнерската програма на Мajкрософт овозможува за Gold Certified Partners различни типови на придобивки за софтверско лиценцирање, во специфицирани количини, кои можете да ги користите за интерни намени и во процесот на развој, тренинг и продажни презентации. За детали, преземете го Водичот за програма.

Што е потребно:

  • Здобивање со 120 Партнерски поени за Certified Partner ниво
  • Здобивање со најмалку една Микрософт Компетенција
  • Прифаќање на условите од Microsoft Partner Program договорот
  • Комплетирање на проширен онлајн прашалник за бизнис профилирање
  • Плаќање на годишен надомест за членство (ако сте веќе Certified Partner и се здобиете со Gold Certified Partner статус, нема потреба од дополнитен надомест)

Повеќе информации за програмата може да пронајдете на следниот линк:  https://partner.microsoft.com/global/program/programoverview/

 
Сертификација
Microsoft партнер
Cisco партнер
Cisco Select партнер