Совети

Заштитете ги податоците на вашиот лаптоп при работа на јавни места

Во денешно време Интернетот претставува важна алатка за работа скоро за секој бизнис. Затоа, да им се овозможи пристап на корисниците во секое време до овој извор за работа, постојат т.е. wireless local area networks (LANs) безжични мрежи кои обезбедуваат high speed Internet поврзување како дома или на работа, така и на различни јавни локации и за да се отвари тоа поврзување не е потребно ништо друго освен мобилен уред како лаптоп кој има wireless card, или мобилен со можност за Wi-Fi поврзување.



Овие места (hotspots) се за некои корисници и секојдневни методи за поврзување на интернет и проверување на маил далечинско поврзување и сл.

Јавните места кои имаат можност за поврзување вклучуваат различни можности и различни мрежи: од мрежна за која се плаќа како на пример T-Mobile, до јавни, бесплатни конекции. Овие т.н. „hotspots“ можат да се најдат секаде:

·         Кафетерии

·         Ресторани

·         Библиотеки

·         Книжарници

·         Аеродроми

·         Хотели

Но, сите тие имаат едно нешто заедничко – сите се отворени мрежи кои се подложни на безбедносни напади. Тоа подразбира дека зависи само од вас како ќе ги заштитите податоците на вашиот компјутер. Затоа, следуваат неколку совети кои ќе ви помогнат да ја зголемите безбедноста на вашиот лаптоп при работа на јавни локации.

Обидете се да одберете посигурна конекција

Не е секогаш возможно да се одбере саканата конекција – но кога имате опции за бирање, одберете ја онаа опција за безжични мрежи (wireless networks) која бара безбедносен клуч (network security key) за логирање или пак има друга форма за безбедност, како на пример сертификат. Информацијата која се праќа преку овие мрежи е енкриптирана, кое што му овозможува вашиот компјутери поголема заштита од неавторизирани пристапи. Безбедносните карактеристики на различните мрежни достапни за поврзување се јавуваат заедно со името на мрежата кога вашиот компјутер ќе ја детектира истата.

Проверете дали firewall-от на лаптопот е активиран

Firewall-от помага при заштита на вашиот лаптоп од пристап на неавторизирани корисници кои сакаат да влезат во него преку Интернет или преку мрежата.  Тој делува како бариера/препрека која ги проверува сите дојдовни информации и потоа или ги блокира или им дозволува пристап. Сите Microsoft Windows оперативни системи доаѓаат со вклучен firewall, и можете слободно да бидете сигурни дека истиот е активиран.

Како да активирате Windows Vista Firewall
 

1.      Кликнете на Start а потоа на Control Panel.

2.      Во Control Panel, одберете Network and Internet.

3.      Под Windows Firewall, кликнете на Turn Windows Firewall on or off.

4.      Осигурајте се дека е селектирано On.

Како да активирате Windows XP Firewall
 

1.      Кликнете на Start а потоа на Control Panel.

2.      Во Control Panel, кликнете на Network Connections.

3.      Во прозорецот на Network Connections, под Network Tasks, кликнете на Change Windows Firewall Settings.

4.      Во дијалог коцката на Windows Firewall, во табот General, осигурајте се дека е селектирано On.

 
Прегледајте ги вашите access points

Има голема веројатност да постојат повеќе безжични мрежи (wireless networks) на било кое место од каде што ќе се обидете да се конектирате на Интрернет. Овие конекции се сите точки за пристап (access points), бидејќи се поврзани со жичан систем кој ви дава прустап до Интернет. Значи, како ќе бидете сигурни дека се пврзувате со вистинската? Едноставно – со конфигурирање на вашиот лаптоп за да ви овозможи да ја одобрите access point-от пред да се поврзете со него.

Конфигурирајте Windows Vista Access Points
 

Windows Vista е така сетирана да секогаш кога ќе пронајде нова мрежа или можност за поврзување – секогаш ќе ве праша дали го одобрувате поврзувањето. Потоа, откако ќе ја одобрите конекцијата, ја ставате во листата на профилот за идна употреба.

Конфигурирајте Windows XP Access Points
 

1.      Кликнете на Start, одете во Control Panel, а потоа кликнете на Network Connections.

2.      Десен клик на Wireless Network Connection, а потоа одберете Properties.

3.      Во табот Wireless Network, проверете дали е штиклирана коцката за Use Windows to configure my wireless network settings.

4.      Под Preferred networks, проверете дека името на мрежата на која сакате да се поврзете е обележана, а потоа кликнете на Advanced.

5.      Кликнете на Access point (infrastructure) network only, а потоа кликнете на Close.

Оневозможете file and printer sharing

File and printer sharing е карактеристика која им овозможува на другите компјутереи во мрежата да влезат до ресурсите во вашиот компјутер. Кога го користите вашиот лаптоп на hotspot места, најдобро е да ја оневозможите оваа карактеристика (file and printer sharing)—бидејќи кога е активна, го остава вашиот компјутер незаштитен од напади на хакери. Запомнете, кога ќе се вратите во вашата канцеларија, овозможете ја повторно оваа карактеристика.

Оневозможете file and printer sharing во Windows Vista
 

1.      Кликнете на Start, а потоа на Control Panel.

2.      Кликнете на Network and Internet, а потоа одберете Network and Sharing Center.

3.      Под Sharing and Discovery, кликнете на стрелката што е веднаш до File sharing, кликнете на Turn off file sharing, а потоа на Apply.

4.      Кликнете на стрелката што е веднаш до Printer sharing, кликнете наTurn off printer sharing, а потоа на Apply.

Оневозможете file and printer sharing во Windows XP
 

1.      Кликнете на Start, а потоа на Control Panel.

2.      Кликнете на Security Center, а потоа одберете Windows Firewall.

3.      Одберете го табот Exceptions, а потоа под Programs and Services, коцката File and Printer Sharing НЕ треба да биде штиклирана.

Направете ги вашите фолдери приватни

Кога папките во вашиот лаптоп се сетирани како приватни, тогаш е многу потешко хакерите на пристапат до истите.

Како се прави папката да биде приватна во Windows Vista
 

Windows Vista не само што ги прави автоматски фолдерите да бидат приватни, но исто така и бара лозинка за пристап до оние кои се подесени за делење (shared folders). И резултатот: вие сте заштитени! Но ако сепак сакате да проверите, одете кај фолдерот кој сакате да го проверите и врз иконата сиснете десен клик, а потоа одберете Properties. Во табот Security, можете да ги прегледате сетираните дозволи.

Како се прави папката да биде приватна во Windows XP
 

1.      Кликнете на Start, а потоа на My Computer.

2.      Кликнете на драјвот каде е инсталиран Windows-от, а потоа кликнете на Documents and Settings.

3.      Отворете го вашиот кориснички фолер, десен клик на фолдерот кој сакате да го направите приватен, а потоа кликнете на Properties.

4.      Во табот Sharing, кликнете на Do no share this folder, а потоа на OK.

Повторете ги овие чекори за секој фолдер кој сакате да го направите да биде приватен.

Енкриптирајте ги вашите фајлови

Вашите фајлови можете да ги заштитите и со енкриптирање на истите, со што оваа карактеристика бара лозинка за да фајлот потоа се отвори или модифицира. Бидејќи можете да ја изведувате оваа процедура само во едно време на еден документ, овој начин на заштита (password-protecting) земете го во предвид само за документите кои планирате да ги користите додека работите на јавни места.

·         Encrypt files using Windows Vista.

·         Encrypt files using Windows XP.

 

Еконет - најдобар SBC/OEM дистрибутер на Microsoft

Микрософт ја прогласи фирмата Еконет за најдобар Дистрибутер за Microsoft за Централна и Источна Европа за SBC/OEM Operation Excelence за фискална 2007 год.