Инсталација и активација

Како да го активирате својот Windows 7 Online

Можеби ќе треба повторно да го активирате вашиот Windows 7 доколку

  • Го деинсталирате од еден компјутер и го инсталирате на друг вашиот Windows 7. За време на инсталацијата впишете го продуктниот клуч кој доаѓа заедно со Windows. Доколку автоматската активација не успее, следете ги упатствата кои ве водат низ активацискиот процес на Windows 7 преку телефон. За активација имате 30 дена.
  • Доколку направите значителни промени во хардверот на вашиот компјутер, како на пример надоградување со нова меморија и хард диск во исто време. Ако се направени големи хардверски промени и потребна е повторна активација на Windows, ќе бидете известени и ќе имате 3 дена за да го активирате Windows-от.
  • Доколку го реформатирате дискот. Форматирањето го брише активацискиот статус. Во овој случај ќе имате 30 дена за да го активирате повторно Windows-от.
  • Доколку сте имале вирусни или malware инфекции на компјутерот и е избришан активацискиот статус

Предупредување

  • Мора да го активирате Windows 7 во рок од 30 дена по инсталацијата. Кога е активиран Windows 7 , ќе бидете во можност да ги користите сите негови карактеристики
  • Ако одберете Automatically activate Windows when I'm online (автоматско активирање онлине) кога сте го сетирале компјутерот, тогаш автоматската активација ќе започне да активира копија Windows 7 во рок од три дена откако сте се логирале за прв пат. Погледнете го МЕТОД ЕДЕН подоле
  • Доколку инсталирате Windows 7 на втор компјутер, ќе мора да купите дополнителен продуктен клуч за да може да се активира втората инсталација и да се продолжи со користење на Windows 7 на два компјутера

Забелешка: Ова не важи за верзиите Windows 7 Beta или RC.

Пример: Windows 7 е активиран

 

Опција еден

Автоматско активирање на Windows 7

Забелешка

Ова важи кога сакате да направите чиста инсталација или инсталација за надграба на Windows 7:

  1. Кога ќе стигнете до овој чекор за време на процесот на инсталација подолу, впишете го валидниот продуктен клуч (product key number) и кликнете на коцката за автоматско активирање на Windows кога сте онлине (Automatically activate Windows when I'm online).
    Забелешка: автоматската активација на копија од Windows 7, не подоцна од три дена од првото ваше логирање.


Опција два

Мануелно активирање на Windows 7

  1. Отворете Control Panel (All Items view), и кликнете на System иконата.

    A) Одете на чекор 3.
    ИЛИ
  2. Отворете го старт мени-то, направете десен клик на копчето Computer и кликнете на Properties. (Видете ја сликата подоле)



  3. Под секцијата Windows activation, кликнете на 30 дена за активација. Потоа кликнете на линкот Activate Windows now. (Видете ја сликата подоле)
    NOTE: Доколку веќе сте поминале низ методот еден погоре, тогаш ќе видите можност за активација за 3 дена или Activate Windows now.



  4. Одберете ја опцијата за активирање на Windows-от онлине веднаш (Activate Windows online now). (Видете ја сликата подоле)



  5. Одберете UAC, потоа кликнете Yes.
  6. Впишете го валидниот Windows 7 продуктен клуч, и кликнете на копчето Next. (Погледнете ја сликата подоле)
    Забелешка: Нема да го видите овој екран доколку сте го впишале бројот за време на чистата инсталација или инсталацијата за надградба на Windows 7, или доколку сте го извеле МЕТОД ЕДЕН погоре.



  7. Доколку е успешно, кликнете на копчето Close. (Погледнете ја сликата подоле)
    Забелешка: Доколку продуктниот клуч не е оригинален или не е валиден, голема е веројатноста истиот да се користи од друг компјутер или е пиратски. За повеќе информации околу оригиналноста на Windows, посетете ја веб страницата genuine Windows




  8. Вашиот Windows 7 е сега активиран и е легален. (Видете ја сликата подоле)
    Забелешка: Оригиналниот Windows поминува низ процес за проверка на продуктниот клуч кој се користи заедно со хардверот кој е пријавен за време на активацијата.


Windows 7 – активација на Windows 7 преку телефон

Забелешка

Ова важи само за retail верзијата на Windows 7:

Доколку Online Activation била неуспешна првиот пат

NOTE: Ова важи доколку сте имале неуспешна активација Windows 7 online. Во спротивно, одете на чекор 2
A) Одберете ја опцијата Use the automated phone system to activate.
B) Одете на чекор 3.

2. За активација преку телефон:
A) Отворете го старт менито и впишете slui.exe 4 а потоа притиснете Enter.

3. Доколку е потребно одберете UAC, потоа кликнете на Yes.

4. Кликнете на drop down menu-то и одберете ја најблиската локација до вас, за да се јавите на бесплатната Microsoft поддршка, а потоа кликнете на копчето Next. (Погледнете ја сликата подоле)



5. Под секцијата на чекор 1 треба да се појави локален телефонски број со сет на инсталациски ID броеви генерирани од Windows и испишани на вашиот екран под 1 до 9 во секцијата на чекор 2. (Погледнете ја сликата подоле)


Совет
Доколку е потребно, погледнете ја листата на Microsoft Activation Centers Worldwide Telephone Numbers кои може да ги контактирате за Windows 7 активација

6. Јавете се на бројот за активација (под чекор бр.1 на сликата погоре).

7. Прво, активациската линија ќе биде автоматизирана така што ќе треба да го впишете или да го прочитате инсталационите ID броеви кои се покажуваат на вашиот екран на телефонот. (Погледнете ја сликата подоле за чекор 5)

8. Доколку автоматската услуга е успешна

A) Автоматската услуга ќе ви издаде број т.н. confirmation ID number.
Забелешка: Подгответе пенкало и лист да ги запишете броевите.
B) Одете на чекор 10.

9. Доколку автоматската услуга била неуспешна

A) Доколку услугата за автоматска активација ве информира дека не е успешен обидот и неможе да ви помогне со активацијата, останете онлине бидејќи вашиот повик ќе биде пренасочен до оператор за активација кој ќе ви помогне за активирање на вашата копија на Windows 7. Операторот ќе ви даде confirmation ID number доколку се согласуваат дека вашата копија на Windows 7 е легитимна.
Забелешка: Објаснете му ја на операторот вашата ситуација и што сте направиле за да побарате активација. (Пример: надградба на хадрверот, инсталирано Windows 7 на нов компјутер после деинсталирање од друг стар и сл.)

10. Впишете го бројот на confirmation ID којшто го имате добиено за време на чекор 3 секцијата, за да можете да го активирате Windows 7, а потоа кликнете на Next. (Погледнете ја сликата подоле за чекор 5)
Забелешка: Овие броеви ќе ги добиете преку телефонски автоматизиран систем или оператор откако ќе бидат потврдени броевите кои ги дадовте за време на чекор 8 погоре.

11. Кога ќе ви се прикаже прозорец дека активацијата е успешна (Activation was successful), кликнете на Close за да го завршите комплетно процесот. (Погледнете ја сликата подоле)

 
Програми за лиценцирање
ОЕМ
FPP
Количинско лиценцирање
Инсталација и активација