Open Value Subscription

Open Value Subscription

Оваа програма е наменета исклучиво на фирми.

За да се порачаат производи под оваа програма треба да се исполни условот од порачка на минимум 5 десктоп лиценци од некој од платформските производи.

Платформски производи: Windows 8 Pro Upgrade, Office Professional, CoreCAL.

За да се креира OVS договор, корисникот мора да порача било кој од платформските производи со минимум количина 5.

Доколку порачува 2 или повеќе платформски производи, тогаш мора количината на тие производи да биде еднаква (на пример: 7 Office Pro и 7 CoreCAL). Само количината на CoreCAL е дозволено да биде поголема од другите 2 производи (пример: 7 Office Pro и 7Windows 8 Pro Upgrade и 8 Core CALa).

Откако корисникот ќе се одлучи да набави OVS договор, треба да се потпише договор со Microsoft (после чие потпишување ќе може да се порачаат лиценците).

Времетраење на договорот: 3 години.

Ова е нетраен начин на лиценцирање (non perpetual) што значи дека корисникот само се претплатува за лиценците.

По истекот на 3 години, корисникот не е сопственик на лиценците туку може да одлучи:

  • Да ги откупи лиценците и со тоа да ги поседува
  • Да го продолжи договорот на уште 3 години.

Доколку не направи ништо од погоре наведеното, корисникот ќе мора задолжително да го отстрани софтверот од компјутерите бидејќи истиот веќе нема да биде легален.

Во Open Value Subscription корисникот може да порача:

  • Лиценци со вклучен software assurance,
  • BuyOut – т.е. да направи откуп на лиценците што би значело дека истите ги купуваат и остануваат во нивна сопственост (ова може да се направи само по истекот на третата година на договорот).

Плаќањето на овие лиценци се врши на годишно ниво.

Предности на Open Value Subscription:

  • Флексибилност при порачување
  • Годишно плаќање на лиценците
  • Software assurance бенифиции вклучени при набавка на лиценците
  • Да ги порачаат сите потребни лиценци под еден договор
  • Up-To-Date попуст за корисниците кои веќе користат претходна верзија на софтверот кој го набавуваат (50% попуст).
  • Лесно пребарување по историјатот на порачување (преку VLSC веб страницата за која корисникот добива право за пристап по порачување).
  • Можност за зголемување или намалување на бројот на лиценци на годишно ниво.
  • Лесно и едноставно електронско управување со лиценците.
  • Посебно ниво на цени за корисниците кои имаат над 250 компјутери.

Под оваа програма може да се лиценцираат компании, едукативни институции, владини институции и сл.

Повеќе околку Open Value Subscription моделот на лиценцирање може да се прочита тука.

 
Програми за лиценцирање
ОЕМ
FPP
Количинско лиценцирање
Инсталација и активација