Количинско лиценцирање  >  Open License Program

Open License Program

Согледувајќи ги различните потреби на различните корисници, Microsoft нуди и соодветни лиценцни програми под кои потрошувачите може да ги набават потребните лиценци. Една од тие програми т.е.модели на лиценцирање е Open License Program. Оваа програма е наменета исклучиво на фирми.

За да се порачаат производи под оваа програма треба да се исполни условот од порачка на минимум 5 лиценци во иницијалната порачка (за секоја наредна порачка во рок од 2 години корисникот не е органичен со минимум количина за порачување).

Во Open License корисникот може да порача:

  • Само лиценци,
  • Лиценци со вклучен software assurance,
  • Само software assurance за корисници кои во период од 90 дена претходно порачале ОЕМ производ.

Плаќањето на овие лиценци се врши при самата набавка, а лиценците се трајни (откако ќе се набават остануваат во сопственост на корисникот).

Кога ќе се порачаат лиценците, истите се испорачуваат по електронски пат во рок од неколку дена.

Предности на Open License:

  • Флексибилност при порачување – бројот на договор кој се генерира е активен за допорачување било колкав број на лиценци во текот на 2 години. По завршување на тие 2 години, лиценците остануваат во сопственост на корисникот, но за да порача повторно други лиценци, корисникот треба да порача минимум количина 5 (при што се генерира нов број на договор кој е активен во следните 2 години).
  • Плаќање однапред на лиценците
  • Да ги порачаат сите потребни лиценци под еден договор
  • Лесно пребарување по историјатот на порачување (преку VLSC веб страницата за која корисникот добива право за пристап по порачување на OLP лиценците).
  • Лесно и едноставно електронско управување со лиценците.
  • Посебно ниво на цени за корисниците кои имаат потреба од поголем број на лиценци (зависно од типот и количината на побараните лиценци).

Под оваа програма може да се лиценцираат компании, едукативни институции, владини институции и сл.

Повеќе околку Open License моделот на лиценцирање може да се прочита тука.

Преглед на програмата за лиценцирање за продажни лица

 
Програми за лиценцирање
ОЕМ
FPP
Количинско лиценцирање
Инсталација и активација